901
Полицијата привела угостител од Пробиштип во чиј локал на градскиот плоштад во 18.25 часот биле затекнати повеќе гости кои биле послужени со пијалоци и покрај забраната за работа на локалите по 18 часот.
Како што информира МВР, сопственикот бил лишен од слобода и приведен во ОВР Пробиштип, а за настанот бил известен Државниот пазарен инспекторат за преземање на мерки од нивна надлежност.
– По консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против И.М. ќе биде поднесена кривична пријава, поради сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, се наведува во соопштението на МВР.