Филипче се фали со дози со кои може да се вакцинира само град колку Злетово, реагира ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Филипче конечно се „пофали“ со информација „првата доза од 5850 вакцини против КОВИД – 19 од производителот Фајзер стигнува во февруари“. Прво, информацијата следи со недозволиво доцнење, второ станува збор за многу мала доза на вакцини. Ова е доволно да се вакцинира отприлика само град колку Злетово кој брои помалку од три илјади жители, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по соопштението дека првите дози од Фајзер ќе стигнат во февруари.

– Филипче продолжува со некакви полуинформации дека во директни преговори се обезбедени 800.000 дози за цела 2021. Детали за тоа кога и колку вакцини ќе стигнат нема. И додека Филипче вели дека динамиката дополнително ќе ја утврдува, регионот и земјите од ЕУ имаат многу јасна слика или детален план. Колку за илустрација еве неколку примери, како е тоа во земјите од соседството и што треба или требаше да направат Филипче и Зоран Заев, наместо да возат мотори. Грција во првата тура доби 9.750 вакцини, за веднаш следната тура на вакцини од Фајзер да биде 83.850 дози. Ова се дози на вакцини кои стигнаа до крајот на декември 2020 година. Планот на Грција кој го соопштија надлежните вели 419.250 дози исто од Фајзер до крај на јануари, 333.450 дози исто од Фајзер до крај на февруари, околу 400 илјади дози во март за до крај на март бројот достигне до 1.255.800 дози. И ова се вакцини само од Фајзер. Во првиот квартал на 2021 година Грција очекува 240 илјади дози од Модерна. Потоа 500 илјади дози од Астра Зенека до крај на јануари, исто од АстраЗенека 800 илјади дози до крај на февруари, 1.500.000 од истиот производител до крај на март, и 2.200.000 исто од Астра Зенека до крај на април. Дополнително Грција чека вакцини од Санофи, Џонсон и Џонсон и КјурВак. Премиерот на Албанија Еди Рама на првиот ден од 2021 година објави договорени се 500 илјади дози од Фајзер и даде и детали, 10.750 дози на Фајзер ќе стигнат третата недела од јануари, 30 илјади дози во февруари, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во февруари ќе стигнат првите 5850 дози вакцини на Фајзер во земјава, договорени вкупно 800.000 дози

Поврзани новости