Приведен скопјанец по распишана централна потерница

by Fokus

Денеска (10.11.2023) во 13.35 часот од с.Инџиково, скопско, од страна на Оперативен тим – Потраги лишен е од слобода П.К.(23) од скопско. За него била распишана централна потерница, врз основа на судска наредба со која се барал за издржување на затворска казна во траење од една година.

Лицето е предадено во ПС ОН Гази Баба за понатамошна постапка по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа.

Поврзани новости