Приведен скопјанец кој украл југо

by fokus

Скопјанец вчера бил приведен откако украл југо од пазарчето кај Ѓорче Петров.

-Полицијата од Одделот за криминалистички работи Ѓорче Петров вчера го привела Е.Х.(34) од Скопје, кој во текот на вчерашниот ден од паркинг покрај пазарчето во Ѓорче Петров одзел патничко моторно возило „југо 45“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.П.(65) од Сарај, информираат од МВР.

Како што соопшти МВР, возилото е пронајдено во село Рашче и вратено на сопственикот и со ова е целосно расчистено кривично дело по член 242 од Кривичниот законик „одземање на моторно возило“.

-По документирање на случајот, против Е.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава, наведува МВР.

Поврзани новости