Врнежливо до вторник

by fokus

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до вторник ќе се задржи променливо облачно, врнежливо и посвежо време со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер (над 70 километри на час) и со услови за појава на град.

Максималната температура денеска во државата ќе биде во интервал од 26 до 34 степени. Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Температурата во Скопје денеска ќе достигне до 27 степени.

Од среда ќе следува стабилизирање на времето, соопшти УХМР.

За наврнатиот дожд во изминатите 24 часа, УХМР информира дека 21 литар на метар квадратен се измерени во Маврови Анови, 20 во Лазарополе, 18 во Охрид и Попова Шапка, 16 во Тетово, 12 литри во Дебар, седум во Скопје – Зајчев Рид, три во Крушево, два во Претор и Пожаране и еден литар на квадратен метар е навранато во Битола.

Поврзани новости