794
Маж од Неготино на возраст од 34 години во раните утрински часови бил лишен од слобода, откако сопругата го пријавила во полиција поради физички напад.
Како што информираат од СВР Велес, полициските службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Д.Ш. (34) постапувајќи по пријава од неговата сопруга. Таа го пријавила во полиција откако тој по претходна расправија во неговиот автомобил физички ја нападнал.
-Лицето е приведено во Полициската станица Неготино, и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава – соопштија од СВР Велес.
В.К.