Белорусија и Русија со заедничка вежба со боева муниција

by fokus

Воздухопловните сили на Белорусија денеска започнаа воена вежба што ќе се одвива во соработка со Русија, пренесе Бета.

Според белоруското Министерство за одбрана, вежбата вклучува употреба на боева муниција и ќе биде реализирана во две фази. Првата ќе биде во Белорусија, а втората во руската воена база Ашулук, близу границата со Казахстан.

Вежбите во руската база ќе траат од 22 до 25 август.

Поврзани новости