Партијата на Вучиќ договара нов мандатар

by fokus 14:15
14:15

Во Србија од вчера течат консултации во рамките на владејачката Српска напредна партија (СНС) за мандатар на новата влада, чие име според најавите треба да биде познато идната недела и дека тој ќе произлезе од редовите на оваа партија, јави дописинкот на МИА од Белград.

По вчерашната изјава на премиерката во технички мандат Ана Брнабиќ дека името на новиот мадатар ќе биде познат за 7 до 8 дена, денеска се огласи и членот на Претседателството на СНС, Горан Весиќ, кој изјави дека во таа партија во тек се консултациите за да партијата предложи мандатар за состав на Влада на Србија.

-Мило ми е што се случи она што јас и другите членови на Претседателството го заговаравме во јавноста – мандатарот да биде од редовите на СНС. Имаме најголем број пратеници и сосема природно е мандатар да биде претставник на нашата партија, така да во наредните денови ќе знаеме кој ќе биде мандатар, изјави Весиќ за ТВ Хепи и додаде дека при гласањето за претседател на Собранието можело да се види кој потенцијално би можел да го формира парламентарното мнозинство.

-По разговорот во нашата партија, не чека разговор со нашите потенцијални партнери, рече Весиќ, наведувајќи дека владата на Ана Брнабиќ завршила голема работа и дека следната треба да продолжи по тој пат.

Поврзани новости