Приведен кумановец за издржување на затворска казна

by Fokus

Полицијата вчера приведе едно лице од Куманово кое се барало за издржување казна затвор.

– На 4 октомври, во 15:15 часот на улица „405“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Д.Г. (24) од Куманово. Тој се барал за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик -„насилство“, соопшти МВР.

Д.Г. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Поврзани новости