Во скопските ковид-центри примени се 20 нови болни, дома се пуштени 16 пациенти

by Фокус
Во изминатите 24 часа, во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 20 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупно 433 лица сомнителни и потврдено за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерство за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за ОРЛ и на Клиниката за гастроентерохепатологија, тројца на Очната клиника и двајца на Клиниката за Нефрологија.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти, на Инфективната клиника 5 болни итн.
Во изминатите 24 часа, дома се пуштени 16 оздравени пациенти.

Поврзани новости