Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и поранешен директор на Царинската управа, Стефан Богоев, е приведен. Се обидовме да стапиме во контакт телефонски, но тој беше недостапен.
Освен него, во акцијата на финансиската полиција се приведени уште три лица, а за други се преземаат истражни дејствија.
Акцијата се спроведува во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а според првичните информации, се однесува на сомнежи за местење тендер и за незаконитости во постапка за јавна набавка поврзана со Царинската управа
Од надлежните институции засега не се објавени дополнителни детали за истрагата, а повеќе информации се очекуваат во наредниот период, по завршување на предистражните дејствија.
Постапката против него продолжува, а институциите најавуваат дека јавноста ќе биде информирана за понатамошниот развој на случајот.
Се врши претрес кај Стефан Богоев поради истрага за сомнежи околу тендерски злоупотреби