86
МВР информира дека вчера попладне во 16.30 часот во село Добрејци, Струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.К.(45) од село Добрејци.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.