Часовниците на Шумахер продадени на аукција – едниот за дури 2,7 милиони долари

by Fokus

Осум часовници кои му припаѓаат на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, се продадени на аукција во Женева за нешто помалку од 4 милиони швајцарски франци (4,4 милиони долари).

Германскиот седумкратен светски шампион во Ф1 беше страстен колекционер на часовници се до тешката несреќа на скијање во декември 2013 година, по што не беше виден во јавноста.

Двата часовници продадени на аукцијата на Кристи беа персонализирани подароци што Шумахер ги доби од тогашниот тимски шеф на Ферари, Жан Тод, како божиќен подарок.

Еден од часовниците на Шумахер продаден е за 1,6 милиони долари, но, највисоката цена – 2,7 милиони долари – ја постигна стариот часовник од розово злато „Patek Philippe“.

„Овие резултати ја покажуваат страста на меѓународните колекционери за исклучителни часовници“, коментира Реми Гилемин, експерт за часовници на аукциската куќа.

„Видовме силно глобално учество, со фокус на Америка“, додаде тој.

Поврзани новости