Гвардиола: Сѐ останува во наши раце

by Fokus

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, синоќа ја прокоментира победата на неговиот тим со 0-2 против Тотенхем во одложениот натпревар од 34. коло на Премиерлигата.
„Граѓаните“ беа критикувани дека не играат на високо ниво, но Гвардиола потсети дека и нивниот главен конкурент во трката за титулата – лондонски Арсенал не играл најдобро при последната победа на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед.

„Ако продолжиме да играме вака, ќе ја загубиме Премиерлигата. Не можеме да играме така на наше ниво. Секако, и фудбалерите се луѓе и го разбирам притисокот врз нив. Ниту Арсенал не одигра добро против Манчестер Јунајтед бидејќи знаеше дека ако не победи, нема да ја освои титулата. Истото ќе се случи и в недела против Вест Хем. Тогаш и ние ќе го почувствуваме притисокот. Но, сѐ е во наши раце и тоа е добриот момент за Манчестер Сити“ – изјави Гвардиола.

Манчестер Сити во последното коло го пречекува Вест Хем, додека Арсенал е домаќин на Евертон.

Сити има 88, а Арсенал 86 бодови на коло пред крај на сезоната.

Поврзани новости