Приведен албански државјанин кој се обидел да поткупи полицаец на граничен премин

by fokus

На граничниот премин Блато, при влез во Република Северна Македонија, денеска полициски службеници го лишиле од слобода А.Г.(43) од Република Албанија, соопштија од МВР.

– При вршење на граничните проверки тој се обидел да даде потпкуп од 50 евра на полициски службеник за поминување на државната граница за него и неговото дете. А.Г. бил предаден на инспектор при Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија -Дебар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, појаснуваат од МВР.

Поврзани новости