Претреси во Чашка и Штип, пронајдени ловни пушки

by fokus

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со оружје и опасни материи, СВР Велес и СВР  Штип, денеса извршија претреси на локации во село Ореше, општина Чашка и во Штип.

– При претрес кај К.И. (44) во село Ораше пронајдени се две ловни пушки, 22 ловечки патрони и 42 куршуми, а од Е.П. (50) одземен е ловен карабин. При претрес во Штип, кај К.А. (37) пронајдени се куршуми и таблети. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија од МВР.

Поврзани новости