Приведен Албанец на Ќафасан, ги нападнал полицајците зашто не му дозволиле да помине граница без зелен картон

by fokus

41-годишен државјанин на Република Албанија ги нападнал полициските службеници на граничниот премин „Ќафасан“ откако не му дозволиле да премине граница бидејќи не поседувал зелен картон. Откако тој почнал да ги навредува и омаловажува, полицијата го привела.

„На 02.07.2018 година во 08,10 часот на Граничниот премин “Ќафасан“ на влез во Р.Македонија, при извршена проверка на патничко моторно возило „Нисан“ со грчки национални ознаки управувано од С.А.(41) од Р.Албанија  констатирано е дека истиот не поседувал зелен картон за возилото и истото било технички неисправно и од тие причини не ги исполнувал условите за влез во Р.Македонија. По укажување од страна на полициските службеници дека не ги исполнува условите за влез во Р.Македонија истиот почнал да ги омаловажува и агресивно да се однесува кон полициските службеници по што бил приведен во Полициската станица за Граничен премин “Ќафасан“, а потоа бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Струга за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Поврзани новости