Изгоре локал во Тетово, сопственикот пријавил штета од 20.000 евра

by fokus

Пожар кој избил во шанкот на локал во Тетово, го зафатил целиот објект, а го пепелосал инвентарот. Сопственикот пријавил штета од 20.000 евра, велат од полицијата.

„На 02.07.2018 година околу 08,45 часот било пријавено дека во Тетово на улицата „Вон Вардарска“ настанал пожар во Угостителски објект сопственост на Н.М.(34) од Тетово. Пожарот најверојатно настанал во шанкот, по што се проширил низ целиот локал и изгорел скоро целиот инвентар. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијална противпожарна едниница Тетово и повредени лица нема. По пријава на сопственикот причинета е материјална штета од околу 20.000 евра“, соопштија од МВР.

Поврзани новости