558
Родители од Скопје пријавиле во полиција откако забележале повреди кај нивната малолетна ќерка. Жена која работела со девојчето како дефектолог е осомничена дека го повредила и таа е повикана на разговор во полиција.
„Н.П.(44) од Скопје пријавил дека на 18.03.2023 околу 16.30 часот неговата сопруга му кажала дека нивната малолетна ќерка имала повреди во пределот околу ушите, кои ѝ биле нанесени од Е.С.(36) – дефектолог од Скопје, која приватно ја ангажирале да држи часови на нивната ќерка“, соопшти МВР.
Со дефектологот бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава, велат од полицијата.