Кадар на Алијанса за Албанците ќе раководи со Фондот за пензиско осигурување

by Fokus

Владата на денешната седница го именува Арсим Хасани за в.д. директор во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ).

„Владата даде согласност на Одлуката од 17.03.2023 година на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, со којашто за вршител на должноста директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија е именуван Арсим Хасани“, се вели во владиното соопштение.

Хасани е кадар на Алијанса за Албанците, а неговото назначување на челната позиција во Фондот за ПИОМ е дел од договорот со кој оваа партија минатиот месец ѝ се приклучи на владејачката коалиција.

Поврзани новости