Приватните стоматолози ќе протестираат на 6 ноември

by fokus

Под мотото „Да ја вратиме насмевката на стоматолозите“, Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина на 6 ноември од 12 часот најавува протест пред Министерството за здравстово.

„Да го изразиме нашиот револт за неподносливата состојба во која се наоѓаме и да ги повикаме институциите да нѐ примат со цел да ги презентираме нашите решенија за проблемите во стоматологијата кои се провлекуваат со години и нѐ доведоа во оваа ситуација, но и да ги решиме истите“, стои во повикот за протестот.

Понатаму, Здружението вели дека лошата ситуација ги довело до работ на егзистенција огромен број на стоматолошки тимови коишто не се во можност да поминат ниту минимални плати од по 12.000 ден.

„Овој факт го потврдуваат и податоците од Фондот за здравствено осигурување. Имено, преку 72% или 876 стоматолошки тима од вкупно 1.211 кои имаат склучено договор со ФЗОСМ имаат запишани под 1.500 пациенти кои претставуваат потребен минимум за да овие стоматолошки установи поминат минимална плата за доктор и сестра од 12.000 ден и основните режиски трошоци на амбулантата. Покрај нив, во уште полоша ситуација се стоматолошките ординации кои се надвор од мрежата и не добиваат никакви средства, страдаат од нелојална конкуренција, поради прениските цени и неограничениот број на услуги кои ги даваат ординациите кои имаат склучено договор со Фондот за здравство..

Сегашниот модел на исплата на услугите преку капитација, како и условите под кои се склучуваат договорите со ФЗОСМ, спротивно на законот за здравствено осигурување, е неодржлив и потребна е итна промена на истиот“, се вели во повикот.

Поврзани новости