632
Преку договори со Фондот за здравство приватните лаборатории ќе се вклучат во државниот систем за тестирање за корона вирус, со капацитетот значително ќе биде зголемен. Ова денеска го соопшти министерот Венко Филипче.
-Завршени се контролите во приватните лаборатории. Нивното вклучување со договорите што ќе го склучат во Фондот за здравство, капацитетот за тестирање значајно ќе се зголеми. 20.000 тестови донација се веќе на пат и 5.000 тестови донација од една наша приватна лабораторија исто така, рече Филипче.