Филипче: Девет пациенти се излечени, во наредните денови очекуваме закрепнување и на други

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека во изминативе 24 часа девет пациенти се излечени од корона вирусот, односно се пуштени дома, откако на два последователни теста биле негативни.

Добрата вест е што денеска се испишани, односно излечени 9 пациенти. Осум од Дебар, еден од Скопје. Тие се во добра здравствена состојба. Во наредните денови очекуваме целосно закпрепнување и на други пациенти.
Во однос на состојбата во Охрид, назначен е нов директор, хирургот Горан Балевски. И се заблагодарувам на досегашната директорка. Заврши увидот на лице место, сега се анализираат документи. Нашите сознанија се дека има одредни пропусти во целокупниот процес, но да почекаме анализата да заврши, рече Филипче.

 

Поврзани новости