Приватни бодигарди го чуваат Митревски дури директорува со ССМ

by fokus

На членовите на четири гранкови синдикати, денеска не им беше дозволен влезот во Сојузот на синдикати на Македонија.

Ваква одлука донело претседателството на чело со Живко Митревски, кој одбива да ја напушти директорската позиција. Седницата на која биле суспендирани синдикатите, ја обезбедуваше приватното обезбедување на Митревски.

Во домот на работниците им е забранет влезот на 25.000 синдикалци, што е речиси половина од членството на ССМ.

– Ова не се синдикални превирања, ова е борба за опстанок на Синдикатот. Синдикатот одамна е окупиран од Живко Митревски кој служи на некои други структури и наребодавачи. Во синдикатот одамна е дијагностициран карцином. Тој е отстранет, а останати се уште некои делови. Ако сакаме да имаме вистински синдикат, оваа куќа на работниците, треба да ја извлечеме на прав пат. Јас не верувам дека тринаесетте претседатели на грански синдикати го поддржуваат Митревски. Ако некој од тие синдикати го поддржува, јавно нека излезе – рече Пеце Грујовски, претседател на Синдикатот на УПОЗ.

Митревски пак, излезе во јавност веднаш по прес конференцијата на лидерите на четири грански синдикати и ги покани новинарите во просториите на Синдикатот, кои беа спроведени со ангажираното обезбедување.

Тој тврди дека се уште е претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија и вели дека во Синдикатот постои упад од страна на претседателите на четири грански синдикати.

Поврзани новости