Шефицата на СЈО, Катица Јанева, во вечерашното гостување на 1ТВ одговори на прашањето зошто е укината мерката притвор за осомничените Сашо Мијалков и Орце Камчев во предметот „Империја“ и заменета со мерка куќен притвор.
-Будно ја следам таа истрага, како најкомплексна. Сметав дека во тој момент треба да покажеме добра волја. Дебатирано беше меѓу нас колегите во СЈО, дека треба да биде побаран куќен притвор. Напоменувам тоа можеше судот да не го прифати, но сепак го прифати. Нивните адоквати уверуваа дека нема да побегнат и дадоа искази кои се многу важни во истрагите, но тука би запрела – рече Јанева одбивајќи да открие повеќе детали за истрагата.
Таа негираше дека имало политички влијанија зад одлуката да биде побаран притвор за Мијалков, а потоа и притворот да му биде укинат.