Во текот на вчерашниот ден излезе информација дека притвореник во затворот Шутка починал, со што веднаш му бил направен тест, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
„Притвореник починал од срцев удар и е позитивен на корона вирус. Се прават анкети на сите во негова близина – тврди Филипче.
Тој рече дека кога бил примен во затворот на 8 март, притвореникот немал симптоми, но подоцна, откако починал, брисот се покажал позитивен на коронавирусот.
Во тек се епидемиолошки анкети на сите оние што биле во близок контакт со него и резултатите ќе бидат објавени по завршените анализи.
Во Домот за стари лица, исто така има позитивен случај на корона вирус, и земени се брисеви на сите, а инспекторатот ќе испитува како се одвила целата ситуација.