Филипче: Четиримесечно бебе заразено од корона вирус, со него на Инфективна клиника и неговата мајка

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека на Клиниката за инфективни болести се примени пет нови случаи со што вкупната бројка на хоспитализирани изнесува 68.

„Седум се во критична состојба. Примена е и мајка и четиримесечно бебе од Кочани. Бебето е во сосема добра здравствена состојба – истакна Филипче.

Во „8 Септември, пак се хоспитализирани 25 пациенти, од кои пет се во тешка состојба и се приклучени на вештачка вентилација.

 

Поврзани новости