Притвор за петмина од приведените во полициската акција во Грчец, десет други се во бегство

by Fokus

Судии на претходна постапка од Основниот кривичен суд, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство им одредија 30 дена притвор на петмина од осомничените, кои се дел од вчерашните апсења во Грчец.

-Прифатен е предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција и на: ШБ., Ф.Б., Н.И., Ф.С., и С.А. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека за О.П. го прифати предлотог за определување мерки за претпазливост односно oдземање на патна исправа и забрана за издавање нова, забрана за напуштање живеалиште односно престојувалиште и обврска за јавување во суд, се вели во соопштението на Основен Кривичен суд.

Од судот информират дека е прифатен предлогот за определување притвор за уште 10 лица кои се опфатнеи со акцијата, но тој ќе стане ефективен откако ќе бидат пронајдени.

Поврзани новости