(Фото) Лоцирана нова женка рис во близина на Стража

by Fokus

Тимот на Македонското еколошко друштво (МЕД) минатата ноќ лоцира нова женка рис во кафез-замката што беше направена минатата недела, а поставена пред три дена.

„Среќна вест! Тимот на МЕД минатата ноќ лоцира нов женка рис, и тоа во кафез-замката што беше направена минатата недела, а поставена пред три дена. Женката рис Луна пред само неколку часа беше лоцирана на планината Буковиќ, во близина на Стража. Тешка е 16 килограми и е во одлична здравствена состојба. Откога ѝ беа направени потребните прегледи и ѝ беше поставен околувратник преку кој ќе го следиме нејзиното движење, таа беше пуштена на слобода“, велат од МЕД.

Балканскиот рис е национален симбол на Македонија и се наоѓа на монетата од пет денари. Рисот се смета за најголема мачка на континентот. Балканскиот рис е на работ на истребување. Се проценува дека има останато 100-ина единки. Почнува да се пари во јануари до февруари, а младенчињата се раѓаат во април.

Поврзани новости