Притвор за 20 годишник, го запалил татка си

by Fokus

МВР информира дека вчера полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода Т.И.(20) од прилепско село затоа што физички го нападнал својот 51-годишен татко.

Според пријавеното, тие и на 11.08.2023 имале семејна расправија, по што Т.И. со запаллива течност го полил и запалил татка си, по што веднаш потоа со ќебе го изгасил огнот.

51-годишниот маж се здобил со изгореници, констатирани во ГОБ Прилеп.

Т.И. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости