Во паркот во Ново Лисиче пристигна вртелешката и останатите реквизити кои беа поставени на плоштад Македонија во Центар. Во близина на авионот во паркот се монтираат забавните елементи кои во иднина ќе ги забавуваат најмладите од Аеродром.
Веќе е поставена бетонска платформа каде треба да врти вртелешката. Втората се уште се наоѓа пред Министерството за надворешни работи и таа треба да биде сместена во Општина Чаир.
Вртелешката од плоштад минатата недела беше демонтирана и спакувана за транспорт откако градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, одлучи да ги премести. Оваа одлука беше донесена, како што рече Шилегов, за да се ослободи плоштадот од пренатрупаност и да се растерети пешачката зона.
Забавните реквизите ги постави претходната градска управа на чело до Коце Трајановски.