Изгоре камп приколка на Езеро Треска

by fokus

Камп приколка била вчера опожарена на Езеро Треска. Пожарот бил пријавен во 02.56 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од страна на чува на езерото.

Од МВР велат дека се уште не се познати причините за избивање на пожарот. Камп приколката била во сопственост на 66-годишен скопјанец со иницијали И.А.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Скопје, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости