ФОТО Болен коњ оставен да умре на кеј

by fokus

На пешачката патека на кејот на Вардар денеска попладне можеше да се забележи непријатна глетка. Пешаците и рекреативците поминуваа покрај болен и немоќен коњ оставен таму да умре. Животното едвај дишеше, а од устата му излегуваше зелена пенлива течност.

Изнемоштениот коњ не можеше ни да се помести. Граѓани апелираат до невладините организации да реагираат, иако некои сметаат дека коњот нема да ја преживее ноќта.

И во минатото се повикуваа оние кои поседуваат коњи да ги третираат достоинствено, но вакви случаи постојано се повторуваат. Граѓани бараат од ветеринарите да го посетат коњот на кеј и ако можат да му помогнат.

Фотографиите се снимени на кеј во близина на ПИОМ.

Поврзани новости