Пристапот кон Собрание целосно блокиран

by Фокус

Започна протестот против одлуката на претседателот Иванов за општа аболиција. Демонстрантите во моментов се собираат пред Специјалното јавно обвинителство, во знак за поддршка за ова тело.

Според планираната рута, протестниот марш треба да продолжи кон Собранието, но сите пристапи до него се целосно затворени со бројни полициски кордони и хермелини.

Граѓаните бараат оставка од Ѓорге Иванов, почнување на процес за избор на експертска влада и итно суспендирање на распишувањето на парламентарни избори.

protetstts

Поврзани новости