Тијана Дапчевиќ ќе настапи на Беовизија во март, каде ќе се избира српската песна за Евровизија 2022. Како што информираше Леонтина Вукомановиќ, автор на композицијата ,,Љуби, љуби довека”, со истата првично требало да се натпреварува Стефан Здравковиќ, познат како принцот од Врање.
Тој во последен момент го откажал учеството, бидејќи не му одговарале термините за подготовка и реализација на фестивалот, по што Леонтина и ја понудила песната на Тијана.
-Решив песната да ја пее Тијана, со текст прилагоден на женски изведувач, појасни Вукомановиќ, која според правилата на фестивалот, во случај на проблеми со композицијата или изведувачот, можела да избере нов изведувач.
И Дапчевиќ потврди дека настапува на Беовизија, а за песната откри дека според неа е сјајна, и уверена е дека на сите ќе им се допадне.
На фестивалот на кој се избира претставникот на Евровизија ќе се натпреваруваат 36 учесници. Инаку, Тијана ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2014 година со песната ,, To the sky” и заврши на 13-то место во полуфиналето.
Вики Клинчарова