Фотографија од принцезата Мадлен од Шведска, на која се гледа како таа среде улица во ќеса го собира изметот од нејзиното куче, го обиколи светот.
Фотографијата стана доста споделувана, а на социјалните мрежи се коментира дека дури истата треба да се ископира и да се постави во сите паркови, улици и шеталишта, каде сопствениците ги шетаат своите домашни миленици, чисто како потсетување дека нема да им падне круната од глава, доколку го соберат нередот од своето куче.
Кај нас се уште не постои култура кога е оваа тема во прашање и ретки се сопствениците на кучиња кои со себе носат ќеси за измет за време на прошетките со милениците. Проблемот е посебно очигледен во тревата во парковите каде играат и мали деца.
Инаку, принцезата Мадлен од Шведска е ќерка на Карл XVI Густаф и кралицата Силвија. Пред пет години се омажи за американскиот бизнисмен Крис О` Нил со кого има три деца. Таа има титула на војвотка од Халсингленд и Гастрикленд и моментално е седми наследник на престолот.
Вики Клинчарова