Османи: Законот за јазиците прво е усогласен со ВМРО-ДПМНЕ, а потоа со СДСМ

by fokus

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, по средбите во Европската Комисија изјави дека Владата самоиницијативно ќе го испрати Законот за јазиците во  Венецијанската комисија за проверка.

-Овој закон е прво усогласен со ВМРО-ДПМНЕ пред да биде усогласен со СДСМ. Фактот дека даваат 36.000 амандмани од кои 30.000 се за казните – дали ќе биде едно евро, две евра, до 30.000 евра колку да ги покријат амандманите, е со цел физичко спречување на законот, а не за аргументирана дебата за законот. Ние не го носиме овој закон преку ноќ. Девет месеци дебатираме во јавноста по однос на законот. Два пати е усвоен од страна на Собранието со мнозинство од 69 пратеници, рече вицепремиерот.

Османи изјави дека не се сомнева во уставноста на законот, и дека веќе се повлечени одредбите кои се однесуваат на употребата на јазикот на банкнотите и униформите во одбрана, во согласнот со мислење на Венецијанската комисија. Вицепремиерот додаде дека кога ќе биде Законот усвоен тој ќе биде повторно испратен до Комисијата за мислење во целост, но и дека секој има право да се обрати до Уставниот Суд доколку се сомнева во уставноста на законот.

Поврзани новости