412
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната јавна седница го усвои упатството според кое ќе се врши теренската проверка на сите сомнителни податоци во Избирачкиот список.
Сепак, во упатството не влезе предлогот на Игор Милев од СДСМ и Бедредин Ибраими од ДПА при утврдувањето на правилникот за теренската проверка да бидат земени предвид и пријавите за неправилности од граѓаните.
Не се знае колку време ќе трае теренската проверка, а ќе почне од понеделник. Упатството ќе ги земе предвид единствено сомнителните податоци кои ќе произлезат од вкрстувањето на податоците од неколкуте бази на податоци на институциите, како и по одредени прашалници: дали во еден стан живеат повеќе од 12 луѓе, колку ката ќе има една куќа…