Груевски: Луѓето гласаат, а не адресите

by Фокус

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска изјави дека aдресите не гласаат, туку гласаат луѓе и според него досега нема забележано некој да злоупотреби адреса и да гласа на два места, а СДСМ само се обидувала да созаде перцепција дека има хаос во Избирачкиот список.

-Тие од една страна глумат дека се подготвуваат за избори одат по градови, по села, од друга страна секојдневно се обидуваат на различен начин да создадат привид дека има некаков хаос во Избирачкиот список за кога ќе дојде време за изборите, односно распуштањето на Парламентот, или тоа да го измислат за причина да не излезат на избори, или ако излезат после изборите да прогласат дека се било нерегуларно, дека биле некредибилни, рече Груевски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, хаосот околу Избирачкиот список е валкана политичка игра на партијата СДСМ, која доколку сакала да изврши евиденција, тоа го можела преку досегашните 5 претседатели на ДИК на кои „не им пречел избирачкиот список“.

Поврзани новости