Усвоена препораката за членство на Македонија во ЕУ условена со фер избори

by Фокус

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата за Македонија поднесена од известувачот Иво Вајгл со 404 гласа „за“ и 74 против според која за Македонија се препорачува седма по ред препорака до Советот на Европа за почеток на преговори со Македонија за членство во Европската Унија, но овој пат таа е условена со излез од сегашната политичка криза и со одржување на фер и демократски избори што е можно побргу.

Во резолуцијата се повикуваат лидерите на македонските партии  целосно да го имплементираат Договорот од Пржино и да ги спроведат итните реформи. Македонија е пофалена дека се однесувала како одговорен партнер при справувањето на напливот на мигранти и бегалци и  Европската комисија треба да обезбеди помош за управувањето на границите на земјата.

Во резуолуцијата европратениците изразиле загриженост  поради „широко распространетата корупција, особено во државната и во локалната администрација, за јавните набавки, како и за финансирањето на политичките партии“.

Поврзани новости