Пригожин ја обвини руската војска за обид да ги крене во воздух неговите луѓе

by Fokus

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, кој неодамна се судри со руското воено раководство, ја обвини руската војска дека се обидела да ги крене во воздух неговите луѓе.

Пригожин на Телеграм изјави дека неговите војници пронашле десетина локации каде припадниците на Министерството за одбрана на Руската Федерација поставиле експлозиви, вклучително и противтенковски мини, велејќи дека тоа го направиле нивните претпоставени, пишува Sky News.

Пригожин тврди дека такво нешто немало намера да го одврати непријателот, имајќи предвид дека мините биле поставени во областа зад линијата на фронтот.

– Затоа, претпоставуваме дека експлозивните направи биле наменети за единиците на Вагнер кои напредувале кон целта – рече тој.

– Ништо не експлодираше и нема повредени. Претпоставуваме дека се работи за обид за јавно камшикување – додаде Пригожин.

Руското Министерство за одбрана не ги коментираше овие последни обвинувања.

Поврзани новости