468
Претседателот на Движењето, Беса, Биљал Касами денеска порача дека како политички субјект за нив не се прифатливи било какви насилни протести. Нагласи дека поддржуваат мирни протести.
Според него, прифатлив е секој предлог кој доаѓа од ЕУ и европските центри во случајот како Париз.
Тој додава дека како граѓани на Северна Македонија ако сакаме да споделиме европски вредности, треба да имаме повеќе доверба во предлозите што ни доаѓаат од Европската унија.