Одбрана: Лицето кое упатува погрдни зборови на полицијата доби отказ во 2021 година од Армијата

by Fokus 17:57
17:57

Во врска со видеото кое се шири низ социјалните мрежи во кое лице упатува погрдни и исклучиво недолични зборови кон службениците кои го штитат јавниот ред и мир и за кое лажно се тврди дека е дел од армиската специјална единица „Волци“, Министерството за одбрана информира дека лицето во ноември 2021 година има добиено отказ од Армијата на Република Северна Македонија заради тридневно последователно неоправдано отсуство од работа.

– Најостро ги осудуваме овие недолични искази и лажното претставување во име на Армијата, се наведува во реакцијата на Министерството за одбрана.

Од МО посочуваат дека припадниците на Армијата се достоинствени и посветени на безбедноста на сите граѓани и на државата.

– Армијата е гарант на мирот и стабилноста, гарант на сувереноста на татковината, се додава во соопштението.

Поврзани новости