Да не се манипулираат граѓаните, секој напад врз полицаец ќе биде казнет, вели Спасовски

by Fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски упати апел до граѓаните кои ќе бидат дел од вечерашниот протест против францускиот предлог „тоа право да го искористат на демократски начин и притоа да не дозволат да бидат изманипулирани како што беа некои други и да нападнат полициски службеници или витални објекти“.

-Секој напад ќе биде најстрого санкциониран. Посебен апел до сите политички субјекти во државата на одговорен однос, бидејќи тие се задолжени да бидат и најодговорни. Протестот е демократско право и може да организираат, но никако не смее да организираат насилства и рушење на државата и уставниот поредок. Сите заедно треба да придонесеме кон заедничкиот мир, кон заедничката безбедност и стабилност, истакна Спасовски.

Поврзани новости