Популарната ТВ водителка Лила Филиповска за прв пат по борбата за нејзиниот живот и здравје, јавно откри низ што минала изминатиот период.
Таа завчера, за време на роденденската прослава на естрадниот магазин ,,Бекстејџ,, ја доби наградата за трајни вредности, и позирајќи со признанието, се обрати кон јавноста.
-Лесно е да го држиш кормилото кога е морето мирно… поминав низ многу бури сите овие години, ги преживеав и сега сум посилна. Моето мирно море само нека потрае како и моите ,,Трајни вредности” според ,,Бекстејџ”. Нека ни се множат години и признанија- напиша водителката.
Лила (51) со децении наназад е препознатлив ТВ лик. Првин започнала да работи како сестра – негувателка, но потоа и се случи Зимско-рекреативната програма на МТВ, каде ги имаше првите чекори во водителството.
Со текот на годините стана заштитен лик на многу забавни квизови, а во неколку наврати се испроба и во естрадните води. Приватно, го има синот Филип, за кого неретко изјавува дека е нејзината најголема животна поддршка.
Вики Клинчарова