Северна Кореја истрела уште четири балистички ракети

by fokus

Северна Кореја денеска истрела уште четири балистички ракети, соопшти јужнокорејската војска.

Претходно утринава Пјонгјанг лансираше повеќе од 10 проектили, од кои една падна недалеку од јужнокорејски територијални води, а Сеул возврати со три ракети воздух-земја.

Нови ракети беа истрелани во 6:51 часот од две локации во провинцијата Северен Пјонган, соопшти Сеул.

По извршената анализа беше објавено дека станува збор за „балистички ракети со краток дострел“.

Поврзани новости