Претседателството на ДУИ го пегла законот за албанскиот јазик

by fokus 21:46
21:46

Законот за албанскиот јазик се уште е отворено прашање во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ. Иако велат дека се блиску до договор, од ДУИ порачаа дека од денешната средба на партијата, не треба да се очекува затворање на законот, бидејќи се уште се разгледувале одредени точки од предлогот на СДСМ.

Откако ќе се испегла целосно законот, последната фаза ќе биде финализирана лично меѓу Али Ахмети и Зоран Заев.

Детали околу законот никој не открива, според ДУИ, тој е целосно усогласен со Уставот, според СДСМ во одредени делови од него излегуваат од Уставот и се апсолутно не прифатливи за СДСМ, но не кажуваат во кој дел.

Откако ова прашање ќе се затвори меѓу преговарачите, ДУИ ќе треба да одлучи дали ќе му ги даде 10-те пратенички потписи на Заев за формирање на нова влада.

Поврзани новости