Претседателот Стево Пендаровски денеска престојува во работна посета на Француската Република, каде што ќе учествува на 5. издание на Парискиот мировен форум, соопшти неговиот кабинет.
Пендаровски ќе присуствува на свеченото отворање на форумот насловен „Излегување од мултикризата“, ќе се обрати на панел на кој ќе се дискутира за геополитичката криза, а ќе присуствува и на панелот „Универзализам предизвикан од војната во Украина“, на кој ќе говори францускиот претседател Емануел Макрон.
Во рамки на учеството на Парискиот мировен форум, предвидено е претседателот Пендаровски да има средби со претседателите на Естонија, Романија, Швајцарската Конфедерација и Унгарија, и да присуствува на работна вечера во рамки на Форумот на која домаќин е францускиот претседател Емануел Макрон.