Претседателот на Судскиот совет изиритиран од изјавите на Јанева дека води истраги за судии

by fokus

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, денеска изјави дека иритира изјавата на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева дека СЈО води истраги за судии во Управниот суд. Според него, ова е напад врз судството и е во функција на уривање на целото судство, а изјавите на Јанева во врска со судовите се неетички, нецивилизирани и некултурни.

-За време на едно интервју, Јанева кажа за некои судии дека можеби не се ни луѓе, а да не разговараме за нивниот морал. Тоа е недозволиво за еден обвинител, постои кодекс на судска етика и кодекс на јавнообвинителска етика. Секој мора да ги почитува законите и дека важи за сите обвинителства и судови во Македонија. Доколку некој го прекршил законот за кривична постапка, треба да одговрара дисциплинси или кривично, рече Караџовски.

Според него и покрај тоа што следуваат избори, огласот за избор на претседатели на судовите не може да се искористи во предизборна кампања бидејќи обврска на советот е да објави оглас.

Поврзани новости