365
Претседателот на Студентскиот парламент при штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ заработи кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Имено, тој во неколку наврати незаконски префрлил вкупно 509.071 денари од сметката на Студентскиот парламент на својата приватна сметка, како и на сметка на неговата фирма „Гомакс Уно“.
Исто така, тој во периодот од 1 јануари 2013 година до 31 мај годинава на повеќе правни лица од кои вршел разни набавки и на повеќе физички лица незаконски од сметката на Студенскиот парламент, им исплатувал средства во вкупен износ од 5.628.117 денари.